Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шукова: Предизвиците ги решаваме системски, Македонија за прв пат доби Национален регистар на подземни води
Македонија

Шукова: Предизвиците ги решаваме системски, Македонија за прв пат доби Национален регистар на подземни води

јули 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За прв пат во Република Македонија, со швајцарска помош, е изработен и презентиран Национален регистар на подземни води, со што податоците за овој важен стратешки природен ресурс, собирани и тематски систематизирани од различните институции, се достапни на една централна платформа.

„Нашата држава има висок процент на користење на подземни води, но досега нивниот потенцијал не беше ниту доволно истражен, ниту искористен и што е најважно, доволно заштитен. Проектот е прв од ваков вид во Република Северна Македонија и е посебно значаен за одржливо управување, идентификување, употреба, заштита и следење на подземните води на национално ниво. Од тука, тоа е основа и за воспоставување и креирање на ефективни и ефикасни политики“ истакна министерката Шукова во воведното обраќање на презентацијата на Регистарот. Таа нагласи дека со дигитализирањето, не само на податоците, туку и на процедурите и известувањето се олеснува пристапот до истите, извршувањето на процесите за управување со подземните води и се скратуваат постапките за издавање на управни акти за користење и испуштање на води.

На настанот се обрати и амбасадорката на Швајцарија Н.Е Вероник Улман која изјави: “Нема живот без вода. Иако тоа е многу очигледно, многу често, вредноста на водата е занемарена и свеста за итноста да се воспостави ефективен систем за заштита и управување на водите на одржлив начин, е ниска. Предизвикот е уште поголем, кога станува збор за подземните води, бидејќи тие се невидливи за нас. Една клучна компонента на одржливото управување со подземните води е воспоставувањето, одржувањето и користењето на Системот за управување со податоците за подземни води, кој се нарекува и Национален регистер/катастар на подземни води поддржан од Владата на Швајцарија“.

Националниот регистар на подземни води на Република Северна Македонија обработува 13 процеси и 65 тематски целини. Националниот систем за податоци и нивно управување вклучува собирање на податоци, нивна дигитализација и конверзија. Овој систем ги следи барањата на националното и европското законодавство и со него се имплементираат две европските директиви – Рамковната директива за води и Директивата за подземни води.

Тој е дел од Националниот информативен систем за животна средина со што се зголемува транспарентноста, се поедноставуваат административните процедури и им овозможува на носителите на одлуки да ги донесат врз основа на веродостојни податоци и со вклучување на сите релевантни чинители во самиот процес. Дополнително, ќе овозможи достапност на податоци на заинтересираните граѓански организации со обезбедување пристап до одредено ниво, со што целиот процес на управување со подземните води ќе биде потранспарентен и со поголема одговорност и отчетност на институциите.

Дополнителен успех е што во рамки на проектот се изработи мобилна апликација,  која претставува помошна алатка за спроведување на процесот на контрола и инспекторирање, бидејќи вклучува податоци и за  издадени дозволи.  Со цел  ефикасно  спроведување на овој процес беше изработено упатство за користење и е спроведена обука.

Проектот е финансиран од Швајцарската Конфедерација, преку Швајцарската Амбасада во Република Северна Македонија и Швајцарската Агенција за Развој кои се долгогодишни партнери и поддржувачи на проектите за заштита на животната средина, а е спроведуван од страна на Конзорциумот Интелитенг Нетворк Солушанс (ИНС) и Градежен Институт Македонија.

Во самата реализација беа вклучени претставници на бројни институции што располагаат со податоци, пред се: Државниот Инспекторат за животна средина, Управата за хидрометеоролошки работи, Министерство за економија, Министерство за земјоделство, шумарство, водостопанство, Институт за јавно здравје, Геолошки Завод на Северна Македонија, Град Скопје, Агенција за катастар на недвижнини и други инволвирани страни што работат и спроведуваат активности во делот на подземните води.

Овој проект е само предуслов за понатамошна соработка на МЖСПП со Швајцарија, а главен предизвик во наредниот период ќе биде успешно развивање и користење на овој систем од кој бенефит ќе имаат не само државните и локалните институции туку и крајниот корисник – граѓаните.

актуелно води македонија подземни шукова
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.