Шумски пожар во Германија, цел град спремен за евакуација

LinkSense.mk

Кај германскиот град Фихтенвалде, на околу 35 километри југозападно од Берлин, изби шумски пожар, а властите на жителите им наложија да се подготват за можна евакуација.

Официјални претставници на Бранденбург соопштија дека жителите на Фихтенвалде треба да спакуваат облека, важни документи и лекови пред можната евакуација.

Пожарот изби во близина на прометниот автопат меѓу Берлин и Лајпциг, каде може да се види голема количина густ чад.

Огнената стихија, според информациите од полицијата, веќе уништила 90 хектари борова шума.

Инаку, Германија неколку денови е на удар на високи температури, а метеоролозите најавија дека таквите временски услови ќе потраат и во следните денови, додека за утре се очекува живата да се искачи на 38 степени Целзиусови.