Владимир Ѓорчев во вчерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, му порача на Мухамед Зеќири дека граѓаните, а исто така и Албанците за многу брзо време ќе ја видам демагогијата на СДСМ, од друга страна ќе ја видат ефикасноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, каде што била фер, каде што испорачувала резултати без оглед на етничката припадност, бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ работела еднакво за сите.
Ѓорчев го запраша Зеќири, како потпретседател на СДСМ, дали се сеќава што било направено од страна на СДСМ во овие 27 години.
„Која фабрика ја има отворено СДСМ, кога имаат зголемено плати, кога има зголемено пензии, кога СДСМ има направено спортски сали, кога е реконструирано училиште. Апсолутно ништо, нула. Сега се враќа тоа време“, истакна Ѓорчев.
Ѓорчев оваа Влада ја нарече непопуларна зошто не успева да се справи со ниту еден проблем. Истакна дека ќе се случи неспособност во наредниот период зошто не може да се реши една обична мала поплава, тие се парализирани, горење на отпад десет дена, целосно се парализирани.







