Ѓорѓиева: Ја гледавме смртта

Во Основното јавно обвинителство денеска продолжија сведочењата на пратениците од СДСМ кои беа нападнати во Собранието на 27-ми април.

Пратеничката Милева Ѓорѓиева рече дека она што се случувало во Собранието, претставува класичен линч. Вели дека се уште не може да се соземе од тоа што го преживеала тој четврток во парламентот.

„Да се тепаат жени пратенички, да се влечкаат и удираат, тоа е голем срам за Македонија. Се плашевме дека ќе не фрлат од галеријијата, бидејќи постојано ни викаа дека ќе не убијат. Тоа воопшто не беше спонтано туку организирано сценарио за убиство“ рече Ѓорѓиева.

Ѓорѓиева објасни дека Собранието е лавиринт во кој никој не може да се снајде лесно. Не се снаоѓаат оние кои се секој ден таму, а не пак луѓето кои влегуваат прв пат во него.

„Нe маваа со дрвени и железни предмети, со што ќе стигнат. Ја гледавме смртта во очи. Сакаа да не линчуваат“ изјави Ѓорѓиева.