Стевчо Јакимовски ја презеде функцијата градоначалник во општина Карпош

LinkSense.mk

Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и советниците од Советот во општината.

Потоа во кабинетот на градоначалникот на општината беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Стевчо Јакимовски.

По примопредавањето на функцијата градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните.

 

ФОТО: МИА