„Повеќето од истрагите што се спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија, за кои лица тое е мошне важно прашање. За некои ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обвинителен акт, но во секој случај, наредната седмица ќе бидат донесе јавни обвинителни одлуки“, порача денеска од Охрид, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Јанева која ќе има свое предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид, изрази уверување дека Судот ќе обрне доволно внимание на доказите на СЈО и основите врз кои тие ги поднесуваат обвиненијата, со очекување дека Судот ќе ти поддржи и потврди обвиненијата, со цел истите да најдат судска разрешница.
„Местото каде треба да се вкрстат нашите аргументи со оние на одбраната е судницата“, изјави Јанева.
За обвинителните акти чие дејствување е најавено пред истекот на рокот на СЈО на крајот на овој месец, Јанева појасни дека со нив се опфатени на Република Македонија, меѓу кои има и високи функционери и за останати лица, добро познати на јавноста од 2008 до 2015 година.
Таа појасни дека мандатот на СЈО е четири години со право на продолжување една година за обвинителите, најавувајќи дека ќе продолжи нивната работа за обработка на сите доставени разговори од незаконскоте прислушување.
„Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе биде изнајдено решение во најбрз можен рок, а очекувајте дека и во наредниот период ќе отвараме истраги за други прислушувани разговори што имаат криминални материјали“, рече Јанева.
За тоа колку од доставените материјали се обработени, таа појасни дека само 12 проценти од нив се напишани, некаде околку 45 отсто вкупно преслушување, додека останатиот дел од нив воопшто не се обработувани.
„Мора да се разберете дека тука има прислушувани разговори на многу новинари, разговори на повеќе јазици, тоа е дел што воопшто не е започнат да се работи, на нив ќе се работи после 15 септември“, рече Јанева.
Професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, смета дека дека исходот од 20-тина обвинителни акти што ќе ги поднесе во рамки на својот мандат СЈО е доволно да се види дали во Република Македонија владее принципот на казнивост на сите.
„Со нив СЈО дава знак дека криминалот не смее да остане неказнет. По истекот на рокот, СЈО ќе продолжи да ги истажува криминалните дејства содржани во прислушуваните разговори, да формираат документација, а потоа дали преку продолжен мандат или преку редовното судство ќе следуваат нови обвинителни акти“, рече Шкариќ.
Професорот Никола Тупанчески кој исто така е дел од наставата на Школата за природно право, од својата страна ја нагласи потребата од темелна ревизија на најголемиот дел од законодавната рамка во земјата, во насока на реформирање на институциите.
„Во Република Македонија треба да почнат радикалните реформи кои ќе значат реарфомирање на начелата на почитување на правната држава, владеење на правото и почитување на основните човекови слободи“, истакна Тупанчески.
Учесниците на еднонеделната Школа на природно право што се организира на Македонската академија на науки и уметности и Амбасадите на САД во Македонија се одржува во Охрид се 25 магистранти и пет докторанти на правни политички студии од сите универзитети во Република Македонија.






