Јапонија без починати од Ковид-19, првпат после 15 месеци

LinkSense.mk

Вчера во Јапонија не е забележан ниеден смртен случај од Ковид-19, првпат во повеќе од една година, пишуваат тамошните медиуми.

Пред тоа, дека нема починати последно беше објавено на 2 август 2020 година.

Во саботата, пак, беа пријавени три смртни случаи.

Бројот на новозаразени и смртни случаи од корона вирус драматично падна во цела Јапонија затоа што до сега се вакцинираа 70 отсто од населението.

Бројот на новозаразени го достигна врвот во текот на август оваа година, кога дневно имаше по повеќе од 25.000 лица, што беше последица од брзото ширење на делта видот на вирусот.

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Јапонија починале повеќе од 18.000 илјади луѓе.

За да се спречи можен нов бран на ширење на вирусот во текот на зимата, владата планира да започне со дополнителна вакцина следниот месец и работи на осигурување на лечење врз база на таблета за поблаги случаи на болеста за да се намали болничкото лекување.

 

 

 

(Фото: ЕПА)