Јапонците во паника поради прелет на руски носачи на ракети

LinkSense.mk

Јапонците вчера ги вознемири веста за прелет на руски авиони „Ту-95 МС“, носачи на ракети, над Тихиот океан.

Весникот „Схукан Гендаи“ објави текст во кој авторот прелетот го поврзува со годишнината од големиот земјотрес во Источна Јапонија и го нарече „невидена провокација“ и „демонстрација на сила“.

Официјални лица напоменуваат дека станувало збор за планиран лет, одржан „строго во склад со меѓународните правила за употреба на воздушниот простор“.

Авторот наведува дека летот бил и над Курилските острови.

Некои читатели оставија огорчени коментари на порталот „Јаху Њус Јапан“ (Yahoo News Japan), кој го пренесе текстот.

Кон Русија не треба да имаме мек и мирољубив став. Мораме вешто да ги искористиме сите средства за да ги повратиме назад северните острови! Русија треба да ја гледаме како земја која на Јапонија и сака само проблеми“, стои во коментарот на читател со псевдоним „Акп“.

Друг, пак, читател, е многу поригорозен во ставот кон Русија. Тој во неговиот коментар пишува: „Јапонија мора што поскоро да набави свои нуклеарни ракети и да ги насочи кон Русија!“.

Русија знае дека Јапонија нема да пука, затоа и не провоцираат, влегувајќи во нашиот воздушен простор. Ние не смееме да дозволиме да не провоцираат. Потребно е грубо да и одговориме на Русија за ова“, напиша „тос“.

Ети“, пак, отиде чекор потаму и во својот коментар за случувањата на Тихиот океан напиша: „Русија ни покажа, дека таа не е потенцијален, туку наш вистински непријател. Јапонија најитно да ги подготви своите офанзивни ракети и атомското вооружување, инаку ќе биде доцна. Јапонија ќе биде спалена! Во потполност да се надеваме на помош од Америка, е исто како да му го подарите својот живот на друг.“

Имаше и такви кои не го делеа мислењето на своите воинствени сонародници.

Пред да објавите вакви текстови, кои втеруваат страв и омраза, зарем не би било подобро нашата влада и министерот за одбрана да ги испробаат своите политичките методи за решавање на проблемот“, напиша „пгх“.