Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан вели дека е „уверен“ дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат следната година. Хан смета дека со двете земји е почната подготвителната работа, што претходи на отворањето на преговорите со ЕУ.
„Ова е многу комплетна работа и се надевам дека ќе можеме да ја завршиме за една година до 14 месеци. Целта е да се добие зелено светло од сите земји членки во средината на следната година – вели Хан.
За Македонија тие услови се однесуваат на реформата на безбедносните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата, вклучително и високиот криминал.
Еврокомесарот се наврати и на француската блокада на проширувањето, која ги иритираше повеќето земји членки и Европската Комисија.
Еврокомесарот потсетува дека граѓаните на Западниот Балкан „имаат право да станат ЕУ граѓани“ и дека ЕУ се „соочува со избор дали ќе извезува стабилност во регионот или ќе увезува нестабилност во ЕУ“.
„Мојата поента е можеби малку поразлична од претседателот Макрон, можеби можеме да го убедиме дека двете работи мора да се прават паралелно“ , вели Хан за „Политико Европа“.







