Јавното сообраќајно претпријатие ја информираме јавноста дека од денес автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран.
ЈСП, патем, потсетува дека од денеска користењето на јавниот превоз е бесплатно.
Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што тие дополнително ќе ја известат јавноста.







