Јувентус го претстави новиот грб

Фудбалскиот клуб Јувентус го претстави новиот грб на клубот кој многу се разликува од досегашниот.

Претседателот на клубот Андреа Ањели на свеченоста во Торино рече дека клубот на новото решение за грбот на спорткиот колектив работел една година.

„Претходната година се обидувавме да дознаеме што сака новиот пазар … нов грб, симбол и нов начин на живот“, истакна Ањели.

На претставувањето на новото лого на Јувентус присуствуваа челниците на клубот и играчите на шампионот на Италија.

Сеуште е неизвесно кога и дали новиот грб ќе се најде на дресовите на Јувентус.