Јувентус убедлив во Торино, на Барса и треба ново чудо

фудбалерите на Јувентус ја совладаа вечерва екипата на Барселона со 3:0 (2:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Стрелци за италијанскиот тим беа Паоло Дибала во 7 и 22 минута и Џорџо Кјелини во 55 минута.

Во реванш мечот што се игра следната среда на „Ноу камп“ Барселона ја чека уште една „невозможна мисија“, откако неодамна надокнадија 0:4 против Пари Сен Жермен.

Вториот натпревар од вечерашната програма меѓу Борусија и Монако е одложен поради бомбашкиот напад на автобусот на екипата од Дортмунд.

Тој меч ќе се игра утре со почеток во 18.45 часот, додека два часа подоцна на програмата се средбите Баерн-Реал Мадрид и Атлетико Мадрид-Лестер.