Јужна Америка станува расадник на короната

Светската здравствена организација изрази загриженост заради влошување на епидемиолошката состојба во Јужна Америка.

Началникот на Одделението за итни случаи во СЗО, Мајкл Рајан, укажа дека во изминативе седум дена осум од десет земји со најголем морталитет од Ковид-19 се токму од Јужна Америка, пренесува лондонски Гардијан.

„Состојбата во Јужна Америка е многу загрижувачка. Така беше и пред неколку месеци, а сега таа повторно се влошува. Вирусот исклучително брзо се шири, а здравствениот систем им е под силен притисок и пред колапс“, предупреди Рајан.

(Фото: ЕПА)