Јусеин Болт ќе стане татко

LinkSense.mk

Најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт и неговата девојка Каси Бенет го чекаат своето прво дете. И двајцата се пофалија со тоа на друштвените мрежи.

„Само сакам да Ви соопштам дека наскоро ќе пристигне КРАЛОТ или КРАЛИЦАТА“, напиша Јамајканецот на Твитер.

Болт (33) во кариерата на атлетски тркач освои осум златни олимписки медали, како и 11 први места на светските првенства. Сè уште го држи светскиот рекорд на 100 метри, (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди).

Двојката е заедно од 2014 година.