Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ
СВЕТ

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

мај 5, 2023Updated:јуни 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград во саботата откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува Њујорк Тајмс.

Протестите „Србија против насилството“, што се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри – едниот во училиште во Белград, другиот во околните села. Тие убиства предизвикаа бран граѓански бунт што критичарите на лидерот на земјата, Александар Вучиќ, го нарекоа протест против „културата на насилство“ промовирана од владата и лојалните медиуми на неа, пишува весникот.

Саботниот протест, петти и најголем досега, го зголеми притисокот врз Вучиќ да исполни барем дел од барањата на демонстрантите, нагласува Њујорк тајмс.

„Тие барања вклучуваат разрешување на високи функционери и одземање на дозволите за емитување од провладините телевизиски станици кои се во лош глас за емитување насилни реални шоуа и игнорирање на опозициските политичари“, се вели во анализата на весникот.

Протестите прераснаа во поширок, иако досега мирен бунт против се поавторитарното владеење на Вучиќ, кој, како што објаснува Њујорк тајмс, прво беше премиер, а потоа претседател, а на власт е речиси една деценија.

„Вучиќ ја започна својата политичка кариера како радикален националист за време на балканските војни во 1990-тите, но во последниве години се обидува да се претстави како проевропски лидер кој сака Србија да ги оживее своите застојани напори за пристапување во Европската унија. „Тој се спротивстави на воведувањето санкции против Русија поради нејзината војна во Украина, но Србија гласаше во Обединетите нации за да ја осуди Москва“, потсетува весникот.

Вучиќ, кој победи на минатогодишните избори, е решен да остане таму каде што е, отфрлајќи ги протестите како „политички трик“ на неговите противници.

Вучиќ во минатото веќе се соочи и преживеа големи улични протести, но тие не беа толку големи како саботните, пишува Њујорк Тајмс.

 

 

 

Извор/Фото: МИА

актуелно Белград Протести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични

октомври 28, 2026

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.