Ќе се изјаснат ли пратеницит дали ќе учествуваат во јавната пропаганда, рокот истекува

LinkSense.mk

Денеска е последен ден од рокот што претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во петокот го достави до пратеничките групи во кое треба да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот и каква кампања ќе водат, односно дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Во кампањата „за“ референдумското прашање ќе учествуваат партиите од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ, но и БЕСА, ДПА и Алијансата на Албанците. Засега само   ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во кампањата за референдумот.

Од партијата  посочија дека се откажуваат од парите, и дека најверојатно во среда ќе испратат официјален допис до претседателот на Собранието Џафери.