Џафери: Десетдневен рок за Иванов да го даде мандатот

Ако претседателот Ѓорге Иванов во рок од десет дена не го додели мандатот за составување влада на мнозинството во парламентот, тоа ќе биде кривично дело. Тој мора да го стори тоа, бидејќи Уставот и законите не го познаваат спротивното – изјавил Џафери.

Јас сум легален и легитимен претседател на македонскиот парламент земајки во предвид дека таква одлука донесоа мнозинството пратеници на 27 април, вели Талат Џафери од ДУИ во интервју за хрватската телевизија ХРТ.

Во интервјуто тој додава дека ситуацијата во Македонија не треба да се смета за „вонредна“ иако во политичка смисла е сложена и треба да се реши со политички средства.

Тој додал дека ако Иванов повторно не го даде мандатот, може во парламентот да се отвори постапка за негов импичмент, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство, кое сегашната мнозинска коалиција го нема.

На прашањето дали т.н. тиранска платформа го урива суверенитетот на Република Македонија, Џафери одговорил дека не станува збор за никаква платформа, туку за меѓупартиски договор за постизборна соработка.

Хаосот во кој се наоѓа  Македонија е политички мотивиран поради неподготвеноста да се предаде власта – додава Џафери.