Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на денешната седница, со лист што го постави на задната страна на својот компјутер со порака „Тишина Ве молам“, се обиде да им укаже на пратениците да го почитуваат редот во салата.
Џафери на овој потег се одлучи откако за време на расправата за дневниот ред на денешната осма седница, пратениците бурно реагираа од своите места, а ѕвончето кое му е на располагање на спикерот за воведување ред, не можеше да ја смири ситуацијата.
Расправата и вревата во салата започнаа откако Џафери ја тргна од дневен ред точката за предлогот за извршување на Буџетот поради доцнење на министерот за финансии, Драган Тевдовски.







