Џенифер Гарнер и Бредли Купер заедно на плажа

– Џенифер Гарнер и Бредли Купер беа забележани и фотографирани на плажа, заедно со неговата тригодишна ќерка Леа.

Како што објави порталот ТМЗ, тие се одморале и се забавувале на плажа близу Малибу, Калифорнија, САД. Купер лани се раздели од својата девојка Ирина Шајк, со која ја имаат Леа.

Гарнер, пак, лани го приврши разводот со глумецот Бен Афлек, со кого има две деца. Потоа таа излегуваше и со Џон Милер, но изолацијата поради коронавирусот ја оконча нивната врска.