Џон Тери оди во коментатори

LinkSense.mk

Триесет и седумгодишниот Џон Тери после една сезона мината во Астон Вила одлучи да ја заврши професионалната кариера, но ќе остане во екот на сите збиднувања, затоа што е на прагот да ја прифати понудата на Скај спорт да биде ТВ експерт.

Првобитно поранешниот ас на Челси и долгогодишен репрезентативец на Англија размислуваше за тренерска работа, но понудата да коментира е попримамлива.