177 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 48 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.