Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховен за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски се резултат на судството контролирано од СДСМ и ДУИ

септември 11, 2026

СДСМ: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

септември 11, 2026

Меркел ги повика германците да ја бранат демократијата

септември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховен за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски се резултат на судството контролирано од СДСМ и ДУИ
  • СДСМ: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста
  • Меркел ги повика германците да ја бранат демократијата
  • Фајненшнл Тајмс: Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
  • 25 години од терористичкиот напад на Кулите Близначки во Њујорк
  • Бројката на заболени од западно-нилска треска се искачи на 58
  • МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски
  • Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » 25 години од терористичкиот напад на Кулите Близначки во Њујорк
СВЕТ

25 години од терористичкиот напад на Кулите Близначки во Њујорк

септември 11, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нападите врз САД на 11 септември 2001 година оставија трага врз светската политика, безбедноста и меѓународните односи. Само неколку часа беа доволни за Соединетите Американски Држави да влезат во нова ера на борба против тероризмот, а последиците од тие настани се чувствуваа со години.

Деветнаесет членови на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони и ги искористија како оружје во координирани самоубиствени напади. Загинаа 2.996 луѓе, меѓу кои и киднаперите, а меѓу жртвите имаше државјани на повеќе од 90 земји.

Во 8:46 часот по локално време, Боинг 767 на „Американ ерлајнс“ удри во Северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк. Само 17 минути подоцна, втор Боинг 767 на „Јунајтед ерлајнс“ ја погоди Јужната кула. Двете згради, високи по 110 ката, се урнаа во рок од околу два часа, предизвикувајќи огромно разурнување во долниот дел на Менхетен.

Третиот киднапиран авион, Боинг 757 на „Американ ерлајнс“, во 9:37 часот удри во западниот дел на Пентагон во Арлингтон, Вирџинија. Четвртиот авион, исто така Боинг 757 на „Јунајтед ерлајнс“, се урна во поле во близина на Шанксвил, Пенсилванија, откако патниците и членовите на екипажот се обиделе да ги спречат киднаперите. Авионот се урна во 10:03 часот, а како можни цели на нападот се наведуваа Капитолот или Белата куќа.

САД набргу ја идентификуваа Ал Каеда како организација одговорна за нападите. Нејзиниот лидер Осама бин Ладен тогаш се наоѓал во Авганистан, каде што уживал заштита од талибанскиот режим. Вашингтон побара негово предавање, но талибанците го одбија барањето.

На 7 октомври 2001 година започна меѓународната операција „Трајна слобода“, предводена од САД, со цел соборување на талибанскиот режим, уништување на инфраструктурата на Ал Каеда и елиминирање на терористичката закана. Бин Ладен, сепак, речиси една деценија успеваше да избегнува заробување. Американските сили го пронајдоа и го ликвидираа на 2 мај 2011 година во Аботабад, Пакистан.

Во 2021 година американските сили го напуштија Авганистан по две децении, со што заврши најдолгата војна во историјата на САД. По нивното повлекување, талибанците повторно ја презедоа власта.

Нападите доведоа и до значајна промена во американската воена стратегија. Вашингтон се насочи кон концептот на превентивна војна против држави за кои се смета дека поддржуваат или засолнуваат терористички организации. Во рамки на таквата политика, во 2001 година беше започната воената интервенција во Авганистан, а во 2003 година следуваше инвазијата на Ирак.

За НАТО, 11 септември беше историски пресврт. За првпат беше активиран членот 5 од Северноатлантскиот договор, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. Алијансата со тоа ја прошири својата улога од традиционалната одбрана на евроатлантскиот простор кон операции поврзани со глобалната борба против тероризмот. Членот 5 стана целосно оперативен на 4 октомври 2001 година.

Последиците не беа само воени. Во САД беше формирано Министерството за татковинска безбедност, а беше воведена и функцијата директор на националното разузнавање, со цел подобро споделување на информациите меѓу безбедносните служби, вклучително и ЦИА и ФБИ.

На 26 октомври 2001 година беше донесен USA PATRIOT Act, со кој значително беа проширени овластувањата за електронски надзор, следење финансиски трансакции и постапување против лица осомничени за тероризам. Во светот беа заострени и правилата за патување и визниот режим, а на аеродромите беа воведени нови безбедносни процедури и биометриски документи.

По 11 септември беше засилена и меѓународната разузнавачка соработка, особено во рамки на НАТО, ЕУ и Интерпол, со посебен акцент на спречување на финансирањето на терористички организации.

Речиси 25 години подоцна, судскиот процес против Халид Шеик Мохамед, кого Националната комисија за терористичките напади врз САД го опиша како „главен архитект“ на нападите, сè уште не е завршен. Тој беше уапсен во Пакистан во 2003 година, а по престојот во тајните притворни центри на ЦИА, во 2006 година беше префрлен во Гвантанамо. Воен судија го закажа почетокот на судењето за 5 јуни 2028 година.

Единствениот човек кој досега е осуден во САД во врска со помагањето на нападите е Закаријас Мусави. Тој беше уапсен на 16 август 2001 година поради прекршување на имиграциските закони, откако инструктори во школа за летање изразиле сомнеж во неговите намери. Мусави во 2005 година се изјасни за виновен, а во 2006 година беше осуден на доживотен затвор без можност за помилување.

Ал Каеда денес не ја има моќта што ја имаше на почетокот на векот. По смртта на Бин Ладен во 2011 година и на Ајман ал-Завахири во американски напад со дрон во Кабул, во јули 2022 година, организацијата е ослабена, но не исчезна. Нејзини ограноци и понатаму дејствуваат на Блискиот Исток и во Африка.

Нападите од 11 септември оставија и пошироки последици врз општествата. Зајакнувањето на безбедносните мерки, зголемениот надзор и воените интервенции беа проследени со дебати за границата меѓу националната безбедност и човековите права. Истовремено, во повеќе делови од светот се засилија поларизацијата, ксенофобијата и национализмот, додека Блискиот Исток влезе во период на нови и длабоки геополитички потреси.

Денес, 11 септември останува еден од најзначајните настани на 21 век – ден кој не само што го промени животот во САД, туку трајно го преобликува начинот на кој светот гледа на тероризмот, војната, безбедноста и меѓународната политикa.

11 септември актуелно Америка близначки напад њујорк терористички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховен за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски се резултат на судството контролирано од СДСМ и ДУИ

септември 11, 2026

СДСМ: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

септември 11, 2026

Меркел ги повика германците да ја бранат демократијата

септември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.