32 загинати во напад на детска градинка во Тајланд

LinkSense.mk

Најмалку 32 лица се убиени откако поранешен полицаец отворил оган во детска градинка во Тајланд.

Според последните податоци, од досега починатите најмалку 10 се деца.

Напаѓачот се уште е во бегство после нападот во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на земјата.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од пред градинката.

На видеата се гледа потресна ситуација, многу луѓе, најверојатно родители, како ги гушкаат децата, додека други врескаат и плачат. На терен се и возила на брза помош, а се гледаат телата на жртвите покриени со чаршафи.

Осомничениот е наводно Пања Камраб (34), кој наводно бил отпуштен од полицијата поради консумирање дроги.

Објавени се спротивставени информации за Камраб.

Според некои медиуми тој е во бегство, а други пишуваат дека се самоубил.

Засега не е познат мотивот зад овој брутален напад.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)