323 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 323 возачи.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, соопштија денеска од МВР.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип 60, а потоа на територија на СВР Битола 49, на територија на СВР Скопје 46…