501 граѓанин казнет поради неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 501 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.