Семејството на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп е поделено околу прашањето дали треба да го признае поразот на претседателските избори.
Првата дама Меланија и зетот Џеред Кушнер го советувале да се помири со победата на Џо Бајден, додека синовите Ерик и Доналд Јуниор го поддржувале во напорите да продолжи да ги оспорува изборните резултати.
Џеред Кушнер, зет и советник на претседателот, се обидел внимателно да му предложи да го признае поразот на изборите, за Си-ен-ен потврдиле два независни извора.







