Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026

Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Брисел очекува позитивно решение за успешна интеграција на земјава во ЕУ, за аналитичарите бугарските барања нема да донесат ништо добро
Политика

Брисел очекува позитивно решение за успешна интеграција на земјава во ЕУ, за аналитичарите бугарските барања нема да донесат ништо добро

ноември 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ и потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Ова, меѓудругото беше посочено во вчерашниот телефонски разговор меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Зоран Заев.

Дер Лајен повтори дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка.

Заев ја информирал претседателката на ЕК и за тековните разговори со Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.

Во тој контекст, Заев се заблагодарил за личниот ангажман на претседателката на ЕК, како и на сите еврокомесари, особено нагласувајќи го ангажманот на овој план на германското претседателство со ЕУ и за посветеноста да се најде решение, кое ќе биде успех за Северна Македонија, за Бугарија, за ЕУ и за Западен Балкан.

Во меѓувреме, реномираниот магазин „Еуроњуз“ објави анализа „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ.

Еве зошто“, во која вели дека долгогодишниот спор меѓу Северна Македонија и Грција е решен, а европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК.

Но, пред Северна Македонија постои уште една пречка–Бугарија.

Според „Еуроњуз“, Бојко Борисов тоа го прави заради неговите внатрешно-политички проблеми.

Софија, која моментално зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од „сегашната рамка за преговори“.

„Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија. Борисов, кој одби да поднесе оставка, досега преживеа пет гласања за недоверба во Парламентот“, наведува магазинот.

Додава дека непријатна вистина е дека за Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје.

Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини.

Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотиизаради пандемијата, пишува „Еуроњуз“.дека процесот на проширување е
привлечна алатка за членките на ЕУ да наметнат политики и промени на нивните соседи кои се надвор од ЕУ.

За Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје.

Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и историјата, тие ја одрзауваат потребата на бугарската Влада за заземе силна националистичка позиција поради внатрешно политички причини.

Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата, пишува „Еуроњуз“.

Натаму, наведува дека Бугарија сака Скопје да го признае бугарското потекло на македонската нација и да се откаже од какви било тврдења дека во Бугарија има посебно македонско малцинство, што Софија не го признава бидејќи ги смета сите кои се нарекуваат Македонци како Бугари.

Според Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), наведува „Еуроњуз“, етничките Македонци сочинуваат 10 проценти од населението во Бугарија.

ИФИМЕС, исто така, во неодамнешната анализа тврди дека „бугарскиот и македонскиот јазик се два различни јазика за кои во меѓусебната комуникација е потребно толкување/превод, за разлика од на пример, во случајот на српскиот и
хрватскиот јазик за кои во јазичната комуникација не се бара толкување/превод“.

„Еуроњуз“ натаму наведува дека несиполнувањето на ветувањата кон земјите од Западен Балкан го нарушува имиџот на ЕУ и ја компромитира политиката на проширување.

Ова му штети на имиџот на ЕУ во регионот и внесува сомнеж во нејзините ветувања дека проширувањето ќе биде веродостојно за другите земји од Западен Балкан, се наведува во анализата на магазинот.

Српскиот аналитичар Срѓан Мајсторовиќ кој е одличен одличен познавач на приликите во регионот и експерт за европски интеграции, синоќа за телевизија Телма рече дека бугарските барања нема да донесат ништо добро и оти земјава, која е конструктивна и кооперативна да излезе во пресрет на своите соседи со конструктивни предлози, сега со барањата на Софија практично сега е притеснета во одредена крајност.

„Мора да останеме оптимисти до последен миг и да се надеваме дека бугарската Влада сепак ќе сфати дека е во интерес токму на Бугарија и на самата Европска Унија, преговорите со Македонија и Албанија да почнат оваа година, како што беше тоа и планирано“, изјави Мајсторовиќ.

Изрази жалење што сме сведоци дека во процесот на проширување на Европската Унија, одредени држави сакаат на некој начин да остварат некакви свои билатерални, национални интереси и на тој начин да влијаат на динамиката на процесот на пристапување на одредени држави на ЕУ.

„Повторно, за жал, Македонија тоа многу драстично го доживеа во своето блиско минато и кога сите мислевме дека со решавањето на прашањето со Грција, конечно ќе и биде отворен патот на Македонија, да почне сопристапните преговори, Бугарија сосема неочекувано и по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедски односи, излезе со одредени барања, кои навистина во овој миг, не можат да донесат ништо добро. Затоа што од една влада на Македонија, која е многу кооперативна и подготвена да излезе во пресрет на своите соседи со конструктивни предлози, практично сега е притеснета во одредена крајност“, оценува Мајсторовиќ.

Изрази загриженост дека Бугарија не е единствена во овој процес, туку само е држава што многу јасно и гласно ги изрази своите резерви и постави одредени услови.

„Но јас се плашам дека ситуацијата во Европската Унија е таква што многу повеќе држави членки, за жал, седат многу комотни зад бугарското барање“, рече Мајсторовиќ.

Според него, постојат држави што во овој миг не се подготвени поактивно да се ангажираат во процесот на проширување на Европската Унија, затоа што сметаат дека ЕУ има свои проблеми.

„Тие се под притисокот на сопственото јавно мислење, кое пак под влијание на бројни популистички движења и политички партии, сметадека понатамошното ширење на ЕУ практично ќе доведе до осиромашување на нивните држави и до нови мигрантски бранови. Тоа секако е многу затегната теорија и многу повеќе наликува на теорија на
заговор отколку што има темел на реалноста“, вели српскиот аналитичар.

Претходно, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, истакна дека Бугарија продолжува да ја поддржува идејата за евроинтеграција на Западен Балкан, но таа поддршка не е безусловна и и не може да се реализира во случај на неисполнување на билатералните договори меѓу Бугарија и соодветните балкански држави.

Тој во Парламентот ги информираше бугарските пратеници за односите на реалција Скопје-Софија, за преговарачката рамка и за евентуалниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Каракачанов рече дека бугарската Влада се придржува кон Договорот за добрососедство и кон рамковната позиција, потврдена со декларацијата на Парламентот.

„Прво никој не извршил притисок врз бугарската Влада. Германското претседателство во моментов изрази став да биде посредник доколку е потребно, во разговорите меѓу двете страни. Не е извршен притисок врз бугарската Влада. Второ – во разговорите со претставници на Република Северна Македонија, Бугарија ја потврди својата јасна позиција дека ние сме „за“ членство на Македонија во ЕУ, но сметаме дека Договорот од 1 август 2017 година не се имплементира, согласно неговите одредби“, изјави
Каракачанов.

Според него пример за тоа е неефикасната работа на Заедничката македонско-бугарска комисија и објавите во македонските медиуми, кои како што посочи, содржат антибугарска реторика.

Според него, без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем, изграден, како што тврди, на невистинити факти, не постои начин земјата да даде согласност за одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите за приклучување на Република Северна Македонија во ЕУ.

Во вторник, на 17 ноември, треба да се одржи Седницата на советот на министри за надворешни работи, на која се очекува одлука за одржување на првата меѓувладина конференција.

Премиерот Зоран Заев овој четврток изјави дека се прават напори до последен момент да се најде решение, но, како што рече, за некои работи не се преговара никаде во светот, ниту кај нас, како што се идентитетот и јазикот.

Тој повтори дека е можно да не се постигне решение за условувањата на Бугарија и да не се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ.

актуелно Брисел ЕУ интеграција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026

Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.