Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Нема потреба од дополнителни мерки, досегашните даваат ефект
Во Фокусот

Филипче: Нема потреба од дополнителни мерки, досегашните даваат ефект

ноември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Досегашните мерки даваат резултати и нема потреба од дополнителни рестрикции кои би биле без значаен ефект.

Така е за Прилеп и за територијата на целата држава, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со приелепскиот градоначалник Илија Јованоски кој деновиве го пренесе заклучокот на прилепскиот кризен штаб за дополнителни мерки за заштита.

Според Филипче, заедничка е денешната констатација со прилепските градски власти.

„Очигледно е дека и сега мерките даваат резултати. Вака димензионираните мерки со затворени угостителски објекти по 21 часот, забраната за групирање во целото деноноќие, постепено ја олабавуваат ситуацијата. Заедно заклучивме дека нема потреба од дополнителна рестрикција која не би имала некаков позначаен ефект од мерките кои сега се на сила. Практично, во сите земји во Европа, ваква комбинација
даде резултат. Во таа смисла, како за Прилеп, така и за територијата на целата држава, и по вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести, засега не доаѓа предвид да се воведуваат дополнителни мерки“, изјави Филипче.

Што се однесува до епидемиолошката состојба во Прилеп, градот е во третината градови со благ пораст на новозаразените, но на национално ниво еднаков е бројот на заразените последните недели, а се намалува притисокот врз болниците, и во прилепската, за прегледи.

Но ситуацијата се следи со внимателност, поради непредвидливоста на вирусот, како и во светот.

„Прилеп е во третина од градовите во земјава во кои има благ пораст во инциденцата последните две недели во однос на оние претходни две. Инаку, на национално ниво последните три недели еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи, а во болниците, посебно во Скопје, а денеска го констатиравме тоа во Прилеп, има благо намалување на притисокот во однос на бројот на пациенти кои доаѓаат за преглед и за
прием. Мора да потенцирам, не само кај нас, туку и во светот нередвидливоста на вирусот останува и мора да бидеме претпазливи и не сакаме да даваме никакви предвидувања. Се уште чекаме да ја видиме ситуацијата во следните денови“.

Министерот Филипче оцени дека ситуацијата во прилепската болница одлично се менаџира, има пет ковид-оддели, а за респект е одзивот на матичните лекари да помогнат во Инфективното.

„Болницата во Прилеп е одлично организирана. Пациенти се сместени на пет одделенија. Мобилизирани се сите лекари, медицински сестри, помошно технички мперсонал. Сепак, има одреден број здравствени работници кои се заразени и по апелот на градоначалникот на Прилеп Јованоски, одличен е одзивот од Здружението на матичните лекари и веќе одредена бројка веќе се пријавија да волонтираат во приелпската болница и е за поздравување“, рече министерот Филипче при денешната посета на Прилеп.

актуелно мерки филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.