Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
  • Во Италија, казнета „Мета“со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
  • Парламентот на Гренланд изгласа промена на временската зона
  • Германија привремено се враќа на јаглен и нафта
  • „Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство
  • Кривична пријава поднесена против насилникот од Охрид, осомничен за напад на својата девојка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Нови лист“: Случувањата околу Северна Македонија се огледало на реалноста во ЕУ
Политика

„Нови лист“: Случувањата околу Северна Македонија се огледало на реалноста во ЕУ

ноември 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сето она што се случуваше на релација меѓу ЕУ и Република Северна Македонија во изминативе 30 години, е огледало на реалната состојба во Унијата, оценува ријечкиот весник „Нови лист“ во текст посветен на европскиот пат на земјава.

Весникот посочува дека Грција со децении го блокираше пристапувањето на земјава во ЕУ поради спорот околу името, кој како што се наведува беше надминат со Договорот од Преспа, „попознат како договор за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија“.

Весникот нагласува дека по решавањето на овој спор, нови пречки на патот на земјата кон ЕУ става Бугарија.

„Со потпишувањето на Договорот меѓу Бугарија и Македонија во 2017 година, се чинеше дека ќе се решат барем некои отворени горливи прашања меѓу двете земји. За жал, на почетокот на ноември оваа година, Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нејзината предлог-декларација, бидејќи не ги обезбедуваат
потребните гаранции за исполнување на условите што ги бара Бугарија“, наведува „Нови лист“.

По ова, според весникот, Бугарија започна со ултимативни барања, како тоа Северна Македонија „да се откаже од тезата за постоење на етнички Македонци во Бугарија“, потоа „отстранување на одредени македонски историски личности од учебниците затоа што тие наводно биле Бугари“, како и откажување „од употребата на терминологија за „бугарска фашистичка окупација“ на Македонија за време на Втората светска војна“.

„Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева неодамна изјави дека „триесет години по демократските промени, не може од една страна да сакате да бидете членка на европското семејство, а од друга страна да го славите еден од најсуровите диктатори на 20 век–Јосип Броз Тито“. Некои, како што е потпретседателот на бугарскиот Парламент, Веселин Марешки, лидер на десничарска популистичка партија, отиде чекор подалеку. Тој тврди дека Бугарија и Северна
Македонија, бидејќи станува збор за еден народ, треба да се обединат, па со тоа „како браќа автоматски да станат европски граѓани“, потсетува хрватскиот весник.

„Нови лист“ нагласува дека интересно е тоа што според една анкета, дури 83,8 проценти од Бугарите ја поддржуваат блокадата на Северна Македонија, се додека не биде постигнат договор за историјата, односно „додека Северна Македонија не се согласи со барањата на Софија“.

„Без разлика на тоа како ќе се одвива ситуацијата околу Република Северна Македонија, треба да се запомни еден важен факт. Грција и Бугарија се членки на ЕУ, кои при влегувањето во ЕУ ги прифатија основните договори на Унијата, а со тоа и правилата за однесување во согласност со европското законодавство. Затоа, се што се случуваше изминативе триесет години на релација ЕУ-Република Северна Македонија, во исто време е огледало на реалната состојба во Унијата“, заклучува „Нови лист“.

„Нови лист“ актуелно ЕУ северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

ноември 16, 2026

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка

ноември 16, 2026

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ноември 16, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.