Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Османи-Бучковски: Со заеднички напори да се изнајде решение кое ќе го деблокира европскиот процес
Политика

Средба Османи-Бучковски: Со заеднички напори да се изнајде решение кое ќе го деблокира европскиот процес

декември 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Наша намера е да се посветиме на имплементација на Договорот со Бугарија преку назначување специјален претставник и со заеднички напори да изнајдеме решение кое ќе го деблокира европскиот процес на државата, а ќе биде во духот нам европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство.

Ова денеска беше истакнато на заедничката прес-конференција на шефот на
дипломатијата Бујар Османи и новиот специјален претставник на Владата на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски, кои претходно имаа средба во МНР.

Министерот Османи посочи дека се создаваат низа механизми преку кои се прават обиди да се зајакне довербата во политичкиот дијалог меѓу двете земји, особено, како што посочи, да ја вратиме довербата во Договорот за пријателство од 2017 година.

„Работиме и на дополнителни форми на акциски планови преку кои не само декларативно, туку и суштински покажуваме сериозни намери да ја засилиме улогата на Договорот за пријателство, особено неговата ефикасност и имплементација. Во таа насока дополнително на овие политички механизми нашата интенција е да се посветиме на имплементацијата на Договорот и преку назначување на специјален
претставник чија мандатна цел ќе биде токму реализацијата на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и јас би рекол, враќање на довербата во овој најзначаен механизам за надминување на отворените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија“, истакна Османи.

Тој оцени оти е важно што во овој процес не е назначено, како што рече, техничко лице, туку поранешен премиер на земјата, кој во својот мандат има остварено значаен придонес во унапредување на односите меѓу двете земји кој во исто време е и добар познавач на билатералните односи меѓу двете земји.

„Со оваа одлука ја пополнуваме и дипломатската празнина што немаме назначен амбасадор во Софија каде во моментот имаме само вршител на должност и тоа со далеку посилен политички претставник отколку редовен дипломат. Ние како МНР со целиот свој дипломатски капацитет остануваме и натаму посветени на билатералните односи со Бугарија за што во иднина очекувам да имаме блиска и тесна соработка со
Бучковски што беше и тема на денешните разговори“, додаде Османи.

Бучковски од своја страна рече дека дека во својот мандат ќе соработува со министерот Османи и со Владата во заедничките напори да се изнајде решение што ќе го деблокира европскиот процес на државава.

„Се надевам дека со моето искуство, со довербата која ја имам и во бугарската јавност ќе бидам јасен сигнал за посветеноста на нашата Влада во исполнувањето на преземените обврски од Договорот за пријателство и соработка од 1 август 2017“, рече Бучковски.

Изрази уверување дека е можно да се стигне до решение кое ќе го одблокира процесот, а од друга страна ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство.

актуелно Бучковски европски процес Османи средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.