Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПИСА и ПИРЛС-тестирањата во април-мај 20
Во Фокусот

ПИСА и ПИРЛС-тестирањата во април-мај 20

декември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во април-мај наредната година ќе се одржи ПИРЛС-тестирањето за учениците од четврто одделение.

Ќе бидат опфатени 150 основни училишта од нашата држава, ќе бидат вклучени околу четири илјади ученици, а моментално се избираат учениците што ќе бидат вклучени.

Тестирањето е од типот молив–хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик.

Во истиот период ќе биде и ПИСА тестирањето, што ќе биде пробно, првпат ќе се реализира електронски, а примерокот е околу 50 средни училишта и околу три илјади ученици на 15-годишна возраст.

Ова денеска го соопшти националната координаторка за меѓународните тестирања Бети Ламева на прес-конференција заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска во Владата.

„Цел на ПИСА не е да се рангираме, туку да видиме со кои процедури кај нас, дали првпат електронски, на кој начин ќе се спроведува и сите работи кои ќе ги заклучиме да може во главното тестирање да се подобрат. Секаде во свет сега е пилот-тестирање. За ПИРЛС ќе имаме рангирање врз база на постигањата на учениците на таа возраст што ќе ги освојат и сите оние фактори кои влијаат врз нивните постигања, а по тестирањето ќе направиме и длабински анализи да видиме што на таа возраст можеме да подобриме и што влијае на таа возраст“, рече Ламева.

Додаде дека изминатиот период работеле малку повеќе за да се подготват за овие тестирања, направиле збирки задачи и за ПИРЛС и за ПИСА, а одржале и вебинар со наставниците.

Моментално, како што информира, се држат обуки со наставниците во четврто одделение за ПИРЛС и во прва средно за ПИСА.

Министерката Царовска посочи дека меѓународните тестирања се значајни за позиционирање на нашата држава во светот, на кое ниво е нашиот образовен систем, но исто така кажува за знаењата и капацитетите на нашите ученици.

„Нашите ученици досега, најголем процент од нив го репродуцираат своето знаење или тие се обучени за тоа, наспроти она што е светски тренд, а тоа е дека тие треба да се оспособат да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето или надвор од него. Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период. Сето ова подобрување и анализи бараат тимска работа, токму
затоа во перидот кој следи, но и во моментов се случуваат подготовки за наредната година во која имаме пробно тестирање на ПИСА и исто така имаме ПИРЛС тестирање. И наставниците треба да се мотивирани и учениците, но и родителите“, рече Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска посочи дека реализатор на сите меѓународни тестирања во нашата земја е ДИЦ која е задолжена за мерење на квалитетот на образовниот систем, односно за спроведување на екстерна евалуација на постигнувањата на учениците.

Според анализата од постигнувањата на учениците во ПИСА 2018 година во 2015 година се бележи тренд на опаѓање, но во 2018 година драстично зголемување во однос на минатата година и сме една од државите со најголем пораст во сите категории кои ги мери ПИСА-тестирањето–читање со тестирање, математичка писменост и писменост во природните науки, кои треба да бидат применети во секојдневниот живот.

Заклучоците се дека раниот детски развој и посетата на предучилишно образование влијае позитивно во постигнувањето на учениците, како и обезбедувањето на воннаставни активности.

Поддршката што ја даваат родителите во процесот на образование е посебно важна.

Важно е да ги мотивираат, да даваат поддршка, да ги поттикнуваат децата да ги
совладаат содржините што се учат во училиште и на тој начин ќе постигнат подобри резултати.

актуелно ПИРЛС ПИСА тестирања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.