Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога, запленети над половина тон во две полициски акции на југот
Хроника

Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога, запленети над половина тон во две полициски акции на југот

март 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за внатрешни работи вчера во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога, заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица. Точната тежина се уште не е утврдена, затоа што уште е во тек мерењато и
вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра, соопшти денеска портпароолот на МВР“, Тони Ангеловски.

Тој информира дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против Д.Н. (47) од Скопје, за сторено кривично дело–„неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што посочи, во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку нашата држава и Грција со крајна дестинација Турција.

„Вчера околу 21,30 часот на ГП Богородица, по претходно изготвен план, преземени се мерки и активности и при излез од РСМ од страна на полициски службеници од ОСОСК со асистенција на Царинска управа, извршен е претрес во товарно моторно возило (влекач) „ивеко стралис“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на правно лице и приколка, исто така сопственост на правното лице, а управувано од Д.Н.. При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и
одземени се 519 пакувања со марихуана, а одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација“, рече портпаролот на МВР.

Ангеловски додаде дека во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што, како што рече, се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Во друга акција, независна од претходната, вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица, Агенцијата за национална безбедност и Армијата во близина на границата со Грција, атар на село Селемли, пресекоа канал за транспорт на дрога од нашата земја во Грција и запленија околу 93 килограми марихуана.

Приведени се К.К. (28) –организатор на транспортот и С.К. (24)од селото Селемли, кои во моментот на вршење на кривичното дело биле затекнати до возило „шкода“ во кое била сместена марихуаната.

„Тие се обиделе да избегаат, но набрзо биле лишени од слобода. Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија, при што се запленети предмети поврзани со истрагата. Во врска со истрагата, постапува и полицијата на Грција со цел расчистување на случајот со овој канал за трговија со наркотици“, посочи Ангеловски.

 

актуелно дрога полициски акции транспорт
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.