„ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не не меша во
нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД“, се наведува во писменото соопштение од СДСМ.
Во реакцијата од партискиот Центар за комуникации со јавноста, меѓу другото, стои и дека проблемот со должничко-доверителски односи со Каракачанов, треба да си го расчистат самите тие, без да се обидуваат да ги инволвираат нив.
„Како и досега СДСМ нема со било каква постапка да дава повод
Македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, се вели на крајот на реакцијата на Социјалдемократите што денес беше лиферувана до медиумите.







