Нови 1031 случај на Ковид 19 од направени 4.373 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492.
Починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години.
Министерството за здравство соопшти дека од новите случаи, 64 се во Прилеп, 53 во Кавадарци, 47 во Велес, по 45 има во Тетово и во Гостивар, 31 во Охрид, 30 во Битола, по 29 во Куманово и Неготино, 25 во Гевгелија, 20 во Струмица, 16 во Штип, 13 во Струга и 12 во Берово.
Едноцифрени бројки на новозаболени има во Радовиш и Крушево каде се евидентирани по девет случаи, во Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2. По еден нов случаи има во Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.







