Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бобинките штитат од хронични болести и се корисни за здравјето на мозокот
Здравје

Бобинките штитат од хронични болести и се корисни за здравјето на мозокот

март 24, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На сите понекогаш ни се случува да заборавиме нечие име, или пак – каде сме ги оставиле клучевите од дома… Но, ваквите „дупки во сеќавањето“, со тек на времето, може да се зачестат, па соодветно на тоа, важно е да се консумира одредена храна, со цел да се забави тој процес.

Бидејќи мозокот се менува и расте, во текот на животот му требаат одредени видови храна кои ќе бидат еден од начините за поддршка на овој процес и подобрување на функцијата на меморијата. Стручњаците предлагаат неколку намирници за подобра функција на мозокот и паметење.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се еден вид корисни, т.н. „добри“ полинезаситени масти, кои помагаат во обликувањето на когнитивните способности. Богати се со еикозапентаеноична киселина (ЕПА) и докозахексаенонска киселина (ДХА), коишто ги поддржуваат когнитивните функции, ја одржуваат флуидноста на клеточната мембрана и ја зголемуваат синаптичката пластичност.

Така, доволното внесување на ДХА игра важна улога во процесот на учење и помнење во текот на животот. Со стареењето, концентрацијата на есенцијални масни киселини во ткивото се намалува. Со оглед на тоа што бројни истражувања покажуваат дека зголеменото ниво на ДХА во мозокот го забавува намалувањето на когнитивните способности, поврзано со стареењето и опасноста од Алцхајмерова болест, може да се
заклучи дека оптималното внесување на омега-3 масни киселини е потребно за зачувувањето на когнитивните функции и сеќавањето, што може да ги одложи невродегенеративните болести.

Јадењето масна риба, како што се бакаларот, лососот, скушата, сардината и пастрмката овозможува внос на протеини и омега-3 масни киселини. За оние кои се вегетаријанци или вегани, се препорачуваат алги, ореви, бадеми, чија семе, како и семе од коноп и лен.

Полифеноли

Полифенолите се растителни антиоксиданти со антиинфламаторни придобивки, а бобинките се преполни со нив. Така, тие се високо препорачливи, затоа што се одлични и во заштитата од хронични болести и за здравјето на мозокот.

Научните истражувања покажуваат дека поради нивната специфична биолошка активност, бобинките го штитат срцето, крвните садови и имунитетот. Тие, исто така, се сметаат за материја со потенцијален позитивен ефект на хроничните воспалителни болести, повеќе видови рак и на стареењето.

Едно 20-годишно истражување на Медицинскиот факултет при Харвард открива дека возрасните кои јаделе боровинки и јагоди имаат најмала стапка на когнитивно опаѓање.

Имено, Американското здружение за срце објави труд спроведен врз повеќе од 93.000 жени на возраст од 25 до 42 години. За време на 18- годишното следење, научниците откриле дека оние кои јадат боровинки и јагоди трипати неделно, имаат помали шанси да доживеат срцев удар. Во мигов нема лек за Алцхајмерова болест или деменција, но наместо да се плашите од неочекувани судбини, стручњаците препорачуваат да се
преземе контрола каде што се може.

Додавањето вкусна и хранлива храна во исхраната, како што се боровинки и ореви, е еден начин да се преземе иницијатива во врска со здравјето на Вашиот мозок.

бобинки здравје мозок хронични болести
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Доктор открива кој пијалок има докажани придобивки за црн дроб

септември 22, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

СДСМ: ОЈО и Савески ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните

јули 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.