Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Состојбата е добра, но мораме да бидеме внимателни
Градови

Филипче: Состојбата е добра, но мораме да бидеме внимателни

јуни 4, 2021Updated:јуни 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува. Претстојните летни месеци, според проценките, епидемиолошката ситација ќе биде мирна“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека, сепак, граѓаните треба да бидат претпазливи затоа што секогаш може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои циркулираа.

„Никој во светот, во ниедна земја, не може да даде точно предвидување. Може да се случи да има некаква мутација на вирусот која може да биде поконтагиозна од сите соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика. Во некои земји тоа се случува. Вакцинацијата помага да нема тешки форми на болеста или смртни случаи. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација“, рече Филипче.

Министерот притоа нагласи дека граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките кои се во сила со цел да го заштитат своето здравје.

„Маските треба да се секогаш тука, кога има групирање. Иако не е задолжително, не е лошо тие да ни бидат при рака и да ги ставиме. Сепак, се работи за заштита на нашето здравје“, рече Филипче.

Тој посочи дека здравствените установи се вратија на своите примарни дејности. Позитивни на корона има само на Инфективната клиника и на инфективните оддделенија во болниците. Филипче потенцира дека сега не се чувствува наплив на пациенти со други заболувања затоа што сите болници покрај што лекувале од КОВИД-19 давале услуги од својата примарна дејност.

„Сега нема клинка или болница на која тоа не и беше дејност, а беше ковид-цетар, па сега да прима позитивни пациенти. Позитивни има само на Инфективната клиника во Скопје, уште неколку пациенти на Институтот за белодробни заболувања, а во болниците има во рамки на инфективните одделенија кои се дел од интерни одделенија“, рече Филипче.

Според досегашното искуство, на пулмологија и на педијатрија се заболежани случаи на пациенти со пост-ковид симптоми, кои, како што рече Филипче, се манифестираат со последици на бели дробови, потешкоти со дишењето, но тоа лесно се надминува со терапија.

Филипче истакна дека и покрај подобрување на епидемиолошката ситација во земјава  засега не се планира да се дозволи работа на затворените делови на угостителските објекти.

актуелно мирно лето претпазливост филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.