Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Имаме ли ние наше „Можеме“ за претстојните локални избори?
Коментар

Имаме ли ние наше „Можеме“ за претстојните локални избори?

јуни 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Победи идејата. Вака во два збора би го опишала резултатот од градоначалничката трка во Загреб, во која зелено-левичарската коалиција „Можеме“ ја освои довербата на мнозинството граѓани на хрватската престолнина, пренесува Дојче веле.

Може да се каже дека тоа беше победа на Томислав Томашевиќ над Мирослав Шкоро. Но нема да е точниот опис. Може да се каже и дека е тоа победа на мотивирачкиот слоган „Можеме” над националниот наратив на десничарската  „Татковина”. Но и тоа нема да е прецизниот опис. Не мислам ниту дека пресудна била програмата или предизборните ветувања.

Тоа беше победа на одредена идеја која се потпира на вредности, што носителите на „Можеме” успеаја да ги искомуницираат со граѓаните на Загреб. Од друга страна, гласачите да ги препознаат нивните интереси токму во таа идеја и тие вредности.

Клучен предизвик за Загреб и за Хрватска е во какви проекти реално ќе се преточи оваа победа? Дали Хрватска ќе направи цивилизациски чекор напред, од его-систем кон еко-систем?

Вредности

Двата збора кои се заеднички именител на идејата зад која застана Загреб се: вредности и синергија.

Постои една теорија на наративен идентитет која претпоставува дека луѓето го градат сопствениот идентитет преку интегрирање на личните искуства во една развојна приказна која на поединецот му дава смисла на неговиот живот.

Tomislav TomasevicТомислав Томашевиќ 

Таа приказна се состои од искуствата на кои личноста се сеќава (минатото), перцепираната сегашност и замислената иднина. Во таа приказна се вткаени вредностите кои таа личност ги интернализирала и ги комуницира свесно или несвесно.

Читајќи го животниот пат на Томашевиќ, еколошките вредности се дел од неговиот идентитет. Изборот за меден месец со неговата сопруга е Тибет и планинските врвови. Не одбрал луксуз. Од 16 години бил еко-активист и учествувал на протести за зачувување на животната средина. Не само што ги промовира еколошките вредности, туку и делува, се бори за нив.

„Отсекогаш ме погодувале неправдите, чувствував емпатија кон луѓето на кои им е тешко и сметав дека ми е должност лошите работи да ги менувам со директна акција. И тоа ми стана начин на живот“, е неговата изјава пренесена од медиумите.

Таквото негово „брендирање” не било во насока да ги освои изборите во Загреб. Тие вредности кои се негов „заштитен знак” го споиле со други слични приказни („Можеме”) и таа синергија на идеи кои се потпираат на заеднички вредности наишла на „партнер” кој ги препознал и дал прилика да се преточат во конкретни проекти. Тоа се граѓаните на Загреб кој на „Можеме” ѝ дадоа моќ.

Оваа приказна за триумфот на „Можеме” е интересна за Македонија од два аспекта.

Првиот  е дека на балканскиот простор почнува полека да се црпи моќта од вредностите што ги поседува една личност, наместо од „брендот” на партијата.

Вториот е дека се менува начинот на комуникација на тој личен бренд на вредности.

Дигитализацијата и социјалните мрежи го проширија изборот на канали на комуникација и на тој начин претставувањето на идеи, програми, престанува да биде ексклузивно право на политичките партии кои имаат доволно пари да купат нечиј „имиџ” од маркетинг индустријата.

Kroatien Zagreb Tomislav Tomasevic

Форматанаспротисуштината

Како одеше досега изборот на кадри за функции во Македонија, што е важна алка во синџирот кој треба да води кон промени за подобар живот на сите?

Партијата на затворени состаноци и сесии одлучува за тоа кои кадри ќе ја претставуваат, најчесто земајќи го предвид теснопартискиот интерес.

Праксата покажува дека тој интерес се состои во она што партијата сака да го земе од граѓаните во вид на ресурси (буџет, моќ да се креира „легална” рамка и правила на игра), наместо да испорача идеи и визија преточена во проекти.

Потоа за кадрите кои ќе ги одбере најмува маркетинг експерти кои ќе им подготват „имиџ”. Потоа на тие кадри останува да испорачаат ветувања во кампањата.

Партиските програми се најчесто документ кој треба да даде некаква форма на комуникација со граѓаните.

Документ кој е испразнет од суштина и вистинска волја да се променат работите.

Ако ќе добие доверба врз основа на тие ветувања, партијата потоа ја ползува моќта што ѝ ја дале граѓаните, ги користи ресурсите, а испорачува оправдувања (противникот е виновен, околностите) и најчесто мноштво афери.

Резултатот до сега, со ретки исклучоци се разочарани граѓани и изневерена доверба.

На другата страна се граѓаните кои со исклучок на Шарената револуција, на некој начин го прифаќаа тој начин на комуникација. Се чувствуваа немоќни да го променат тој начин на управување и апатично се приклонуваа кон една или друга партија, со книшка или поддршка, за да може барем да се доближат до ресурсите кога тие и така не се користат за суштинско подобрување на квалитетот на живот.

Така се креира его-систем.

Овој термин го позајмив од Ото Шармер, професор на МИТ и автор на книгата „Управување од насетуваната иднина – од его-систем, кон еко-економски системи”. Тој пишува за системот и односот на човекот кон него.

Најчесто луѓето имаат претстава дека човекот и системот се одвоени. Дека човекот „се бори” со системот, или пак се конформира во системот.

Ние сите сме всушност дел од системот. Од нашите вредности преточени во далување зависи како тој систем ќе се развива. Дали ќе мрднеме од его кон еко-систем.

Дури и во секојдневниот жаргон на изразување политичките партии велат „да им го земеме Скопје”, „да им ја земеме изборната единица”, мислејќи на политичките противници, а нема „што ќе им дадеме” суштински на граѓаните.

За да овозможат да се воспостави суштинска релација на потенцијалниот функционер (или пратеник) и граѓаните, партиите е корисно да го обелоденат неговото име најмалку шест месеци пред какви било избори. Граѓаните да го запознаат, тој да има време да ги искомуницира своите визии, проекти, вредности.

Не е важна неговата формална биографија, туку човекот како ресурс, кој носи во себе многу повеќе од универзитетска диплома или квалификација. Таа интеракција со граѓаните околу идеи и вредности да биде темел околу кој ќе се одлучува, наместо за партијата како бренд кој нуди ексклузивни поволности.

Претстојните локални избори можеби и кај нас ќе бидат тест во таа насока.

Прво дали имаме идеи слични на „Можеме” кои почиваат на вредности од еко-системите или ќе се обединуваме околу концептот на его—системот и разграбување?

Дали ќе се постигне синергија на носителите на таа идеја и граѓаните, за да дојде до потребните промени? Како одговор, би го употребила цитатот на Ото Шармер од книгата посочена погоре:

„Никогаш не се сомневајте дека мала група на посветени граѓани може да го смени светот. Впрочем тоа е единственото што некогаш го имало.”

Единствено треба да се појави таа „мала група на посветени граѓани”.

ида протуѓер локални избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.