Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на „Економист“: За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ
Македонија

Заев на „Економист“: За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ

јули 9, 2021Updated:јули 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме во внатрешноста да ги почувствуваме придобивките, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“ и додаде дека „ние сме како остров опколен од ЕУ земји и потребна е унификација на Унијата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ што оваа година е на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, премиерот Заев, утрово учествуваше на панел дискусија за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите како и за иницијативите за мир и подобро разбирање.

Премиерот Заев во неговото обраќање ја истакна важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно, ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас.

„Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се во Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен Балкан, што конечно ќе донесе диверзификација на природен гас, објасни Заев и истакна дека нашата земја „станува енергетски коридор за земјите од Западен Балкан“.

За европската перспектива, објасни дека Северна Македонија 16 и пол години е земја кандидат за членство, Договорот за стабилизација и асоцијација беше потпишан по Словенија и пред Хрватска и истакна дека нема простор за фрустрација, но и нема алтернатива за регионот.

„Од Европската Унија, 12 пати имаме потврда дека 100 отсто ги исполнуваме критериумите што се неопходни за интеграција во ЕУ, истакна Заев и додаде дека за одредени реформи, како што се во судството, сме подобри од некои земји од Унијата.

Премиерот истакна дека Северна Македонија, но и другите земји од регионот ја следат европската агенда, како околу климатските промени, така и зелената енергија и изрази задоволство за инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан во висина од девет милијарди евра.

„Сега се обидуваме да отвориме нови зелени коридори со нашите соседни земји и многу сум среќен бидејќи Грција е првата земја што ги отвори овие зелени линии со нас, како земја членка на Европската Унија, бидејќи ние сме опколени од земји членки на ЕУ. Ние сме како остров во средина. И многу сум благодарен што премиерот Мицотакис го направи првиот чекор да го отвори првиот грчки коридор и да ги охрабри другите земји членки да го следат неговиот пример, примерот на Грција, рече Заев.

Очекуваме раст во првата половина на 2021 година

Закрепнувањето на Северна Македонија, но и генерално на Западен Балкан, овој период е видливо, истакна Заев, говорејќи за економијата и за инвестициите и додаде дека „конечно се враќаме на позитивни стапки на раст“.

„Очекуваме, во првата половина од 2021 година да има раст меѓу 5,5 и 6,5. Што е нешто повеќе и од просекот во земјите од Европската унија и нè охрабрува уште повеќе да привлекуваме инвестиции, рече премиерот.

Паралелно се задржа и на инвестициите како во регионот, така и во нашата земја, додавајќи дека „развиваме алатки за привлекување инвестиции“, особено за време на пандемијата и ги претстави условите за инвестиции во Северна Македонија.

Дополнително потенцираше дека само за време на пандемијата имало пет нови инвестиции.

„Сакам да истакнам дека сѐ што се случи во Северна Македонија, на економски план, особени по Договорот од Преспа е многу видливо, порача премиерот.

Пандемјата нè научи на унапредување на соработката и солидарноста во регионот

Говорејќи за пандемијата, Заев рече дека се покажало колку е важно земјите да си помагаат, да соработуваат, не само со размена на искуства поврзани со здравствениот систем, туку да има и економска соработка и „како да ги преживееме овие месеци“.

Сепак, Заев истакна дека и покрај пандемијата потребно е да не се заборави на економијата.

„Овде, на Западен Балкан развивме многу практични алатки како да соработуваме заедно, заедно со балканските земји што се членки на Европската Унија и солидарноста беше видлива, дури и повеќе отколку пред пандемијата. Си помагавме дури и со вакцини. Како што знаете, балканските земји, особено земјите од Зааден Балкан што се кандидати за членки во ЕУ, немаат доволно вакцини, рече Заев и  додаде дека првите вакцини дојдоа од членките на Унијата.

Премиерот Заев, заедно со амбасадорот на САД во Атина Џефри Пајат, како што јави дописничката на МИА од Атина, денеска ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот меѓу Владите на Северна Македонија и Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас.

Договорот ќе го потпишат министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас.

 

 

 

актуелно алтернатива економист ЕУ Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.