Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Германија во боите на семафорот
Европа

Германија во боите на семафорот

септември 29, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јазичето на вагата која ги одмерува политичките сили за сочинување на идната влада во Берлин се повеќе се наклонува кон „црвените“ социјалдемократи. И во победничкиот табор на СПД, но и во редовите на демохристијаните, се множат констатациите дека Германија се ближи кон таканаречената „семафор коалиција“ – власт во која ќе бидат СПД, Зелените и „жолтите“ либерали (ФДП).

И социјалдемократскиот кандидат за канцелар, Олаф Шолц (63), е уверен дека е можно СПД да дормира коалициска влада.

„Оптимистичен сум. Со прагматизам и со подготвеност на соработка ќе успее формирањето на владата“, напиша Шолц на Твитер.

„Дојче Веле“ истакнува дека станува збор за политичар кој „поминал пат од жесток социјалист, преку досаден бирократ, до омилен кандидат на Германците“. Неговиот прекар долго време беше „Шолцомат“, како што во 2003 година го нарече неделникот „Цајт“, затоа што Шолц, во тоа време генерален секретар на СПД, на настапите делува како автомат.

Патем, „Дојче веле“ додава дека не е препознатлив по насмевка и дека никогаш не паѓа во еуфорија, па дури ни сега, додека се слави изборна победа.

Во текот на целата кампања, Шолц порачуваше дека тој, помалку или повеќе, е легитимен наследник на Ангела Меркел, па често ги спојуваше и прстите како неа, затоа што Германците над се сакаат континуитет. Само неколку месеци пред прифаќањето на канцеларската кандидатура, се кандидираше за претседател на СПД и неславно загуби. Сега, меѓутоа, ѕвездите му се наклонија, што не е случај со неговиот противник на изборите, Армин Лашет.

Незадоволството на германските демохристијани од најлошите изборни резултати на партијата во модерната историја на државата, се претвори во жесток отпор кон нивниот кандидат за канцелар Лашет, кому му се заканува губење на челната партиска позиција. Се побројни се барањата да замине од функцијата шеф на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) затоа што, како што се објаснува, „мора да ги сноси последиците на изборниот дебакл и остави маневарски простор за персонални поправки“.

Лашет, меѓутоа, не се откажува од намерите да разговара со Зелените и со либералите (ФДП) за можностите за формирање на заедничка влада. Челниците во редовите на демохристијаните предупредуваат дека унионистите треба достоинствено да ја прифатат желбата на граѓаните, кои сакаат промени.

Шефот на младината на ЦДУ, Тилман Кубан, подвлекува дека партијата ги загубила изборите. „Јасен налог за формирање влада добија СПД, Зелените и ФДП“, вели тој.

И младината на Зелените се изјасни за „семафор коалиција“, која тие би ја направиле со СПД и ФДП. „За нас е јасно дека Лашет не смее да се најде на местото канцелар“, заклучуваат тие.

 

Берлин на бис?

Набљудувачите на ОБСЕ регистрираа проблеми на минатонеделниве избори во Берлин. Шефицата на набљудувачката мисија. Лолита Цигане, укажува на фактот дека на многу избирачки места е забележан недостаток на гласачки ливчиња, заради што гласачите биле враќани, но и други проблеми, заради кои се бара поништување на гласањето во главниот град на Германија.

 

 

 

(Фото: АП)

актуелно ангела меркел германија зелени избори либерали Олаф Шолц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.