Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Преговорите со Европската унија, мора да почнат, Македонија е дел од Европа
Македонија

Преговорите со Европската унија, мора да почнат, Македонија е дел од Европа

октомври 1, 2021Updated:октомври 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан идната седмица во Словенија, очекувањата се дека на него ќе биде дадена јасна порака за придвижување кон напред на процесот на проширување.

Посетите на Скопје на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се оценети како силен сигнал дека Европската унија напорно работи за изнаоѓање решение со Бугарија, со цел Македонија официјално да ги отпочне преговорите што е можно поскоро.

„Желбата, и на Западен Балкан и на Европската унија, е конечно да направиме поместување во овој процес и соодветниот наратив на форумот, што ќе се одржи во Словенија, навистина ќе биде многу важна порака што треба да стигне до граѓаните и институциите во сите земји од Западен Балкан, но и кај земјите членки. Ги следите дискусиите во Унијата. Нема дилеми за стратешката поставеност на Западен Балкан и на ЕУ кон процесот на интеграции на Западен Балкан, и затоа е многу важно по одредена видлива пауза, кои конкретни чекори ќе бидат прифатени“, изјави вчера премиерот Зоран Заев на Форумот на граѓанско општество на Западен Балкан – Скопје.

Заев ги оцени како позитивни средбите со Вархеји, посочувајќи дека нема никаква двосмисленост или нејаснотија во желбата на сите 27 земји членки за идната интеграција на Западен Балкан во ЕУ и тоа, како што рече, ни беше појаснето и од претседателката на ЕК, Фон дер Лајен.

Македонскиот премиер истакна дека разговарале и за Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и соодветното поставување на лидерите од Западен Балкан во пресрет на форумот, а една од темите на средбата било и прашањето со Бугарија.

„Прво доаѓа охрабрувањето на тимовите меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат во духот на изнаоѓање на прифатливо решение. Напорите, кои што ги прави еврокомесарот Вархеји и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, секако претходниот ден охрабрени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се тие пораки кои што беа испратени – до крајот на годината, односно од 14 до 17 декември кога е Советот на Европа, да имаме позитивно решение. Дотогаш треба да работиме сите страни, пред се Северна Македонија и Бугарија, но и Европската унија, за да ја постигнеме целта“, изјави Заев.

Тој потсети дека сите земји-членки на Унијата ја прифатија одлуката на ЕК од март 2020 година и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западниот Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Унијата.

За жал, истакна Заев, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна и изрази надеж дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

Заев посочи и дека напредокот во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања.

„Проширувањето отсекогаш носело силни мислења и многу емоции, многу оптимизам и екстремен песимизам во исто време. Пред се за да се има успех во проширувањето треба посветеност. Тоа е геостратешка инвестиција во мирот, сигурноста, стабилноста и економскиот раст. Патот до ЕУ како што знаеме е долг и комплициран и полн со предизвици, но за мене нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ и затоа ние се трудиме најмногу што можеме тоа да се случи“, нагласи еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во виртуелното обраќање на Форумот во Скопје.

Тој подвлече дека граѓаните во регионот силно ја поддржуваат неговата целосната интеграција во ЕУ.

„И не само затоа што тоа е политички приоритет за политичките елити во овие земји, тука исто така тоа е рефлексија на мислењето на граѓаните на Западен Балкан, кои силно ја поддржуваат целосната интеграција на регионот во ЕУ“, истакна Вархеји.

актуелно ЕУ Западен Балкан самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.