Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците
СВЕТ

Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците

октомври 20, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Задолжителната вакцинација беше тема на жестоки дискусии во текот на изборната кампања. Либералната партија на Трудо се залагаше за задолжителна вакцинација, а останатите партии дадоа поддршка со исклучок на Конзервативната партија Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота.

Задолжителната вакцинација ќе стапи на сила на 22 ноември кога пратениците треба да се состанат за првпат по изборите одржани пред еден месец, на кои победи актуелниот премиер Џастин Трудо.

Доказ дека се целосно вакцинирани нема да им биде потребен само на членовите на Долниот дом туку и на нивниот персонал, администрацијата, новинарите и консултантите.

Оние кои не може да се вакцинираат од медицински причини ќе може да направат брз тест за ковид-19.

Токму задолжителната вакцинација беше тема на жестоки дискусии во текот на изборната кампања. Либералната партија на Трудо се залагаше за задолжителна вакцинација, а останатите партии дадоа поддршка со исклучок на Конзервативната партија.

Тогаш либералите објавија дека сите нивни кандидати се вакцинирани, додека конзервативците не објавија податок колку од нивните кандидати веќе се вакцинирани, меѓутоа за „Си-би-си њуз“ изјавија дека ќе ги почитуваат директивите кои се во насока на штитење на јавното здравје.

Воведувањето на задолжителна вакцинација за пратениците е проширување на пакетот рестрикции кои веќе се воведени во канадскиот парламент, како што е задолжителното носење заштитна маска и затворање за посетители.

 

МИА

вакцина задолжителна канада пратеници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026

„Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа

октомври 29, 2026

ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.