Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски ги прими акредитивите на новите амбасадори на Шпанија и на Кореја
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивите на новите амбасадори на Шпанија и на Кореја

октомври 21, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија и на Република Кореја во Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Хосе Луис Лосано Гарсија, новоименуван амбасадор на Кралството Шпанија, Пендаровски истакна дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство. Во тој контекст, претседателот посочи дека Шпанија е важен сојузник и партнер на Македонија.

„Пред нас е период на заедничко дефинирање и координирање на активностите, имајќи го предвид нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 и Претседателството на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на 2023“, рече Пендаровски.

На церемонијата, Пендаровски додаде дека како земја ја цениме инволвираноста на Шпанија во критичните моменти од нашата историја, потенцирајќи ги напорите на шпанскиот Парламент за ратификација на Пристапниот протокол на нашата држава во НАТО во услови на политичка и здравствена криза.

„Благодарност и за досегашната поддршка на Кралството Шпанија во однос на започнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека натамошната блокада поставена од една од земјите членки на Унијата не е од интерес на никого и убеден сум дека почетокот на преговорите, не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западен Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможи побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во сферата на борбата со организираниот криминал и високата корупција“, подвлече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Гарсија истакна дека како партнери во НАТО двете земји ги зајакнале и ги збогатиле меѓусебните односи додавајќи дека Шпанија и Македонија припаѓаат на истото европско семејство.

„Нашата взаемна сила како земји партнери во НАТО ни овозможува платформа преку која можеме да ги зајакнеме пријателските врски, но исто така претставува импулс за час поскоро да стане реалност заедничкото членство во Европската Унија. Шпанија, како што и досега беше случај, нема да ги штеди напорите за таа цел да биде остварена“, рече амбасадорот Гарсија.

На церемонијата на предавање на акредитивите од страна на Ли Хо-шик, новоименуван амбасадор на Република Кореја со седиште во Софија, претседателот Пендаровски нагласи дека по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 2019 година, постојат бројни можности за збогатување на соработката, како и за меѓусебно запознавање со богатото културно и историско наследство на двата народа.

„Во градењето на нашите односи, како фундамент ги имаме заедничките вредности како мултилатерализмот, почитување на човековите права, зачувување на животната средина и демократијата, со силен фокус на интегралниот човечки развој“, рече Пендаровски.

Во таа насока, на средбата двајцата соговорници изразија интерес за унапредување на билатералната соработка во областа на економијата, земјоделството, културата, образованието и спортот.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија и на Република Кореја, Ли Хо-шик, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

акредитиви актуелно амасадор Кореја македонија НАТО стево пендаровски Шпаија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.