Во Полска денеска се регистрирани 794 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број починати во еден ден во четвртиот бран на пандемијата, рече заменик министерот за здравство Валдемар Краска, додавајќи дека бројката може да биде резултат на подоцнежните податоци поради Божиќните празници.
„Повеќе од 75 отсто од смртните случаи се невакцинирани. Мислам дека во моментов сме на врвот на бранот по бројот на починати”, рече Краска.
Полска континуирано бележи висока стапка на дневни инфекции. Денеска имаше 15.571 нови случаи на инфекција со Ковид-19, што е, пак, за 13 проценти помалку од пред една недела







