Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на ЕУ , Дејвид Гир на завршниот настан на системот ТЕТРА-4
Македонија

Министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на ЕУ , Дејвид Гир на завршниот настан на системот ТЕТРА-4

февруари 7, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Клубот на пратеници заедно со амбасадорот и шеф на делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир како и дел од раководството на МВР и канцеларијата на ЕУ, присуствуваа на завршниот настан на проектот – “Понатамошна надградба на ТЕТРА системот -ТЕТРА 4, финансиран со средства од националната ИПА програма за 2016 година, средства обезбедени од страна на Европската Унија.

Спасовски во оваа пригода упати благодарност до амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир и претставниците на проектот на Европската Унија за континуираната поддршката и помош што нашата земја, но и МВР ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите, истакнувајќи пред присутните дека е завршен уште еден од низата капитални проекти од посебно значење за редовното постапување на припадниците на Министерството, при вршење на работите што се однесуваат на остварување на системот на државната и јавната безбедност.

“TETРA е дигитален европски стандард за мобилно радио, развиен од страна на индустриски експерти, заедно со Европскиот институт за телекомуникациски стандарди (ETSI) и важи за неприкосновен стандард за најсложените и најпрофесионалните корисници на радио комуникациите ширум светот. Согласно последните информации, ТЕТРА стандардот се користи во над 120 земји на над 3,5 милиони уреди“, нагласи министерот Спасовски потенцирајќи дека кај нас ТЕТРА системот претставува единствен дигитален радио-комуникациски систем за јавната безбедност на национално ниво кој што го користи МВР но и на други институции со што, пак се овозможува заедничка меѓусебна комуникација и координација при извршување на задачи од безбедноста. “Понатамошна надградба на ТЕТРА системот -ТЕТРА 4, претставува четврта и последна фаза од овој голем проект, од исклучително значење за МВР. Првите три успешно спроведени фази од ТЕТРА проектот, со вкупна вредност од 19 милиони евра, со средства обезбедени од страна на Европската Унија, а со четвртата и последна фаза од овој проект, кој беше имплементиран преку два договори, со вкупна вредност од 3.495.000 милиони евра, се направи надградба на националниот ТЕТРА телекомуникациски систем, со цел да се овозможи покриеност на територијата на Република Северна Македонија поголема од 90%. Оттука, со реализацијата на оваа фаза може да констатираме дека зададените цели од почетокот на проектот се веќе остварени. Ова за нас претставува вредна инвестиција, што значително ќе ја зголеми ефикасноста на полицијата, ќе воведе нови стандарди во полициското постапување и е од исклучително значење за самите полициски службеници кои на терен добиваат софистицирана, доверлива и безбедна комуникација. И конечно, со имплементацијата на овој проект нашата полиција достигнува исто ниво со полициите на земјите членки на Европската Унија во однос на европските телекомуникациски стандарди“- констатираше министерот Спасовски.

Амбасадорот и шеф на канцеларијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир во оваа прилика рече:

,,Петнаесет години по започнувањето на овој проект и со вложена опрема од 22 милиони евра, Министерството за внатрешни работи сега треба да презентира напредни комуникациски алатки. Овој дигитален систем обезбедува безбедна и сигурна комуникација меѓу сите полициски служби, вклучително и единиците кои работат во поодалечените погранични области. Оваа опрема е слична на опремата што се користи во земјите членки на ЕУ. Радиокомуникацијата сега ја покрива речиси целата територија на државата. Многу е важно овој систем да се прошири за да се вклучат дополнителните служби за итна помош како што се брзата помош и противпожарните бригади,,.

,,Со ова полицијата ќе може подобро да се поврзе со другите служби при итни случаи како на пример при природни катастрофи. Оваа опрема наскоро ќе стане еден од најважните комуникациски канали на обединетиот Европски систем за итна помош Е-112. Придобивките за граѓаните се јасни: побрза реакција од полицијата и другите институции во случај на потреба, поголема општа безбедност и подобрено индивидуално чувство на безбедност. Овој проект носи придобивки и за цела Европа, со оглед на стратешката локација во однос на главните европски коридори и канали на нелегални меѓународни активности. На тој начин дополнително го подобрува нашето партнерство“ рече амбасадорот на ЕУ, Гир.

 

актуелно амбасадор ЕУ Оливер Спасовски тетра
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.