Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски и Ковачевски на 58. Минхенска безбедносна конференција
Македонија

Пендаровски и Ковачевски на 58. Минхенска безбедносна конференција

февруари 18, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе учествуваат на 58. Минхенска безбедносна конференција, што од денеска до недела ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија.

На конференцијата, како што е најавено, ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на релевантни меѓународни организации. Темата на годинашното издание е „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“, а најавено е учество и на највисоки претставници на најзначајните меѓународни организации за безбедносни прашања.

За време на учеството на Минхенската безбедносна конференција, претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, предвидено е да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Во фокусот на разговорите ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

Владината делегација, предводена од Ковачевски, ја сочинуваат вицепремирот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тие за време на тридневната работа на конференцијата, како што е најавено, ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамки на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Ковачевски, како што е најавено, во рамки на конференцијата ќе оствари средби и со лидери од регионот и други високи претставници на одделни држави и меѓународни организации, а во сабота ќе има и обраќање на дебатата за перспективите на ЕУ-Западен Балкан на тема „Не изгледајте одвоено – исцртување на патека за ЕУ и Западен Балкан“ што ја организира Регионалниот Совет за соработка (RCC).

Како дел од активностите на членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија, министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе има излагање на панелот „Вечер посветена на иновации”, а ќе учествува и на сесијата „Конверзација со новата германска министерка за одбрана”. Петровска ќе учествува и на сесија посветена на контролата на вооружувањето, како и на панелот „Русија, Украина и безбедноста во Европа”, а ќе оствари и повеќе средби со министри за одбрана и воени и одбранбени авторитети.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како што е најавено, ќе учествува на посебен настан заедно со сите министри за надворешни работи од Западен Балкан, во организација на министерката за надворешни работи на СР Германија, Аналена Бербок. Османи ќе има свое излагање и на настанот „Дупката во срцето на Европа? Назад кон Западниот Балкан” и ќе оствари повеќе средби со свои колеги од европските и воневропските држави.

 

МИА

актуелно безбедносна конференција Минхен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.