Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МПЦ-ОА по четврти пат го изврши чинот осветување на миро
Градови

МПЦ-ОА по четврти пат го изврши чинот осветување на миро

април 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, вчера на Велики четврток, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во сослужение со архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, служеше Света Божествена литургија, на која го изврши и чинот осветување на миро, што е основен показател за автокефалност на секоја помесна Црква.

На литургијата и на чинот на осветување на мирото сослужуваа г. Петар, митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралисконовозеландски, г. Тимотеј, митрополит Дебарско-кичевски, г. Агатангел, митрополит Повардарски, г. Иларион, митрополит Брегалнички, г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски, г. Григориј, митрополит Кумановско- осоговски, г. Јосиф, поранешен митрополит Кумановско-осоговски и епископите Хераклејски, г. Климент, Стобиски, г. Јаков и Антаниски, г. Партениј, соопштија од МПЦ-ОА.

Ова беше четврто осветување на свето миро од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Првото миро по возобновувањето на автокефалноста, МПЦ го добила во 1967 година од тогашниот претстојател на Романската Православна Црква, Патријархот Јустинијан.

На Великиот вход во Соборниот храм, архимандритот Никола го носеше алавастерот со светото миро осветено од архиепископот Михаил во 1996 година, а протопрезвитерите ги носеа алавастрите со новото миро.

После Входот, алавастрите со новото миро беа поставени на светиот престол. Потем, по завршетокот на канонот на Евхаристијата, г.г. Стефан го освети нововареното миро, а светото миро осветено во 1996 година, беше долиено во новото миро, со што се покажува непрекинатото дејство на Божјата благодат. Тоа ќе биде чувано во Соборниот храм и по потреба предавано на епархиите на МПЦ-ОА.

 

МИА

актуелно миро мпцоа осветување чин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.