Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра
Економија

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,8 милиони евра

мај 4, 2022Updated:мај 4, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новата фабрика за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина од 2.600 м2 . Изведена е во согласност со строгите стандарди за добра производствена пракса, со законските прописи за производство на медицински средства и со директивите на системот за обезбедување квалитет.

Следењето на најновите трендови во индустријата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни производи, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ АД е синоним за високото ниво на квалитет и на сигурност, е принцип кој е цврсто втемелен во корпоративната политика на компанијата.

Во изминативе 15 години „Алкалоид“ има инвестирано близу 200 милиони евра, алоцирани во производствени капацитети, лаборатории, во истражување и развој, нови технологии и во континуирана едукација на вработените, а таквиот тренд се задржа и во изминативе години во кризни услови.

                                                Живко Мукаетов

„’Алкалоид’ денес пласира над 65 % од својот асортиман во околу 40 земји во светот, а светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции. Растворите за хемодијализа се присутни во медицинското портфолио на компанијата од 1990 година, а денес, три децении подоцна, пуштаме во употреба најсовремени производствени капацитети за овој тип на производи, чии производни волумени од близу 15 милиони литри годишно ќе можат да ги опслужат барањата на пазарите во регионот и пошироко“, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Новите производствени капацитети се составени од 3 целини: подготовка на концентрати за хемодијализа, производство на прочистена вода и пакување на растворите. Процесната опрема, која е составена од три реактори со мешалки и од подготвителен сад, е со вкупен волумен од 25.000 литри и е изведена за да ги задоволи сите потреби за најсовремено и за целосно автоматизирано производство. Автоматизацијата на процесите овозможува брзо, прецизно и доверливо работење. Полнењето и пакувањето на подготвените концентрати за хемодијализа се вршат со посебна роботизирана линија со капацитет од 7.500 литри на час. Снабдувањето со електрична енергија за овој производствен капацитет во голем дел се одвива преку сопствени обновливи извори за производство на електрична енергија.

Одделот за хемија, како дел од компанијата „Алкалоид“, е основан во 1957 година. На почетокот на 90-тите години во овој оддел започнува производството на раствори за хемодијализа, со сопствен развој и со сопствена контрола на квалитетот. Првично се произведуваат раствори за ацетатна дијализа, а подоцна се преминува и кон раствори за бикарбонатна дијализа, сѐ до денешната палета на производи, која опфаќа концентрирани раствори со различни разредувања, суви бикарбонатни полнења и цврсто-течни сетови соодветни за апаратите за хемодијализа на реномираните светски производители.

Во 2010 година растворите за хемодијализа на „Алкалоид“ го добија сертификатот ЦЕ за сообразност со европската директива за медицински помагала.

актуелно алкалоид живко мукаетов скопје хемија хемодијализа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.