Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Агонијата на руските милијардери: Олигарсите остануваат без своите „играчки“
Во Фокусот

Агонијата на руските милијардери: Олигарсите остануваат без своите „играчки“

мај 11, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од раскошни јахти и палати до приватни авиони и уметнички дела, супербогатите Руси под товарот на западните санкции се лишени од своите луксузни играчки. Заплената на имотот несомнено тешко им паѓа на олигарсите кои се сметаат за миленици на Кремљ.

Во Британија под санкции се над стотина руски супербогаташи и нивните семејства, во САД 140, а во Европската унија повеќе од 30.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс рече дека таквите мерки се дизајнирани да удрат онаму каде што олигарсите најмногу ги боли, „во пристапот до луксузни играчки“.

Британската престолнина долго време беше рај за богатите Руси кои сакаа да ги сокријат своите пари, да ги образуваат своите деца и да инвестираат таму.

„Сега тоа им е одземено“, напиша „Економист“.

Дури и славниот Роман Абрамович беше мета на санкции, поради што беше принуден да го продаде фудбалскиот клуб Челзи, чиј сопственик е од 2003 година.

Аналитичарот Алекс Најс вели дека таквите потези во високо глобализираната економија се „целосно непозната територија“.

Кога војната ќе заврши, кога и да се случи тоа, длабокиот јаз меѓу Истокот и Западот ќе остане, дури и ако богатите не бидат цел на експропријација, туку нивниот имот е само замрзнат.

„Нема какви било најави дека санкциите наскоро ќе бидат укинати“, вели Најс, бидејќи „специјалната операција“ на Путин во Украина може да трае со години.

Нема сомнеж дека санкциите погодуваат онаму каде што боли.

„Форбс“ минатиот месец „поради лавината санкции“ отстрани 34 Руси од годишната листа на светски милијардери.

„За нив војната е апсолутна катастрофа“, вели социологот Елизабет Шимпфоесл од Универзитетот во Бирмингем, авторка на книгата „Богати Руси“.

Многу олигарси имаат повеќекратно државјанство и не брзаат да се вратат назад во Русија.

„Западот, сепак, е место каде што руските власти не можат да ги прогонуваат“, рече Шимпфоесл. „Олигарсите никогаш не се заморувале со развојот на владеењето на правото во Русија“.

Размерите на одземениот имот се запрепастувачки. Британската влада проценува дека Абрамович е „тежок“ 10,5 милијарди евра, на пример. Тој, наводно, има шест суперјахти, од кои две се закотвени во Турција, со што ги избегнал санкциите.

Членките на ЕУ запленија имот во вредност од 30 милијарди евра, од кои приближно седум се во јахти, хеликоптери, имоти и уметнички дела.

Вашингтон блокираше јахти и авиони вредни повеќе од милијарда долари. Претседателот Џо Бајден предлага трајни санкции, тврдејќи дека на олигарсите не треба да им се дозволи да уживаат во луксуз додека умираат украински деца. Фотографиите од запленетите бродови и запечатените палати предизвикуваат злоба во Русија.

„Обичните Руси сакаат и богатите да плачат“, вели рускиот аналитичар Константин Калачев, цитирајќи наслов од мексиканска телевизиска серија која била популарна во Русија во 1990-тите.

Малку е веројатно дека санкциите ќе влијаат на одлуките на Путин. „Тој не се среќава со богатите Руси за да разговара со нив, туку за да им каже што мора да направат“, објаснува Калачев.

„Користењето санкции за промена на надворешната политика во историјата не се покажа како нешто многу ефикасно, но тие секако ја намалуваат способноста на Русија да води војна“, тврди Најс.

Со благослов на двете страни, Абрамович беше вклучен во преговорите за завршување на војната во Украина. Некои други олигарси ја критикуваа инвазијата.

Санкционираниот банкар Олег Тинков на Инстаграм напиша дека војната е „лудило“, а руската армија ја нарече „по...на“.

Фридман повика на прекин на крвопролевањето, а Олег Дерипаска, кој е санкциониран од Велика Британија, Америка и Европа, рече дека продолжувањето на војната е „безумно“.

Експертите веруваат дека е малку веројатно дека тие ќе направат заговор против Путин. „Тешко ми е да го замислам тоа“, вели Најс.

„Не е во нивен интерес прерано да истапат против Путин“, додаде Шимпфоесл.

актуелно Кремљ Роман Абрамович русија санкции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.