Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пад на акциите на Волстрит
Берза

Пад на акциите на Волстрит

мај 19, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа, губејќи ги сите добивки од претходниот ден, бидејќи инвеститорите беа загрижени за послабите од очекуваните деловни резултати на најголемите трговски ланци во САД.

Дау Џонс падна за 1.164 поени или 3,57 отсто, на 31.490 поени, додека СиП 500 „потона“ за 4,04 отсто, на 3.923 поени, а индексот Насдак 4,73 отсто, на 11.418 поени.

Најголемиот дневен пад на индексот СиП 500 од јуни 2020 година, меѓу другото, се должи на падот на цената на акциите на „Таргет“ од 25 отсто, откако малопродажниот синџир објави голем пад на добивката во првиот квартал и предупреди на зголемени трошоци за гориво и транспорт. Ден претходно, најголемиот американски трговски ланец „Валмарт“ ги намали проценките за идните профити од истите причини.

Во сите 11 најважни сектори на СиП 500, цените на акциите паднаа, а најмногу во трговскиот и потрошувачкиот, повеќе од 6 отсто.

„Овој пад е последица на проценката за тоа како, подолго отколку што се очекуваше, периодот на побрз раст на инфлацијата од платите ќе влијае на трошењето на мало. Резултатите од трговските ланци почнуваат да го покажуваат влијанието на слабеењето на куповната моќ на потрошувачите“, рече Пол Кристофер, стратег во инвестицискиот институт „Велс Фарго“.

Институтот вчера објави дека кон крајот на оваа и почетокот на следната година очекува блага рецесија на американската економија.

Растот на инфлацијата, војната во Украина, долготрајното нарушување во ланецот на снабдување, затворањето на градовите во Кина поради коронавирусот и заострувањето на монетарната политика на централните банки последните месеци ги притискаат пазарите за хартии од вредност поради страв од забавување на глобалниот економски раст.

Меѓу најголемите „загубари“ вчера беа акциите на технолошките гиганти. Цените на „Ејпл“, „Амазон“, „Енвидиа“ и „Тесла“ паднаа меѓу 5,5 и 7 отсто. Како резултат на тоа, вчерашните берзански индекси ги загубија сите добивки од претходниот ден. Од почетокот на годината СиП 500 падна за околу 18 отсто, додека индексот Насдак „потона“ за 27 отсто.

Речиси две третини од акциите на СиП 500 паднаа за 20 или повеќе отсто од највисокото ниво во последните 52 недели. И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот ФТСЕ индекс се намали за 1,07 отсто, на 7.438 поени, додека франкфуртски ДАКС се „лизна“ за 1,26 отсто, на 14.007 поени, а париски ЦАЦ на 1,20 отсто, на 6.352 поени.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно акции Амазон берза инфлација рецесија Тесла
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.