Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тупанчески: Граѓанскиот законик претставува сериозен предизвик во однос на законодавната агенда
Македонија

Тупанчески: Граѓанскиот законик претставува сериозен предизвик во однос на законодавната агенда

јули 8, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Клубот на пратеници денеска се одржа конститутивна седница на Работната група за изработка на Граѓанскиот законик на Република Северна Македонија, што, според министерот за правда Никола Тупанчески, претставува сериозен предизвик во однос на законодавната агенда и на тоа „што се нарекува кодификација на едно законодавство кое што до скоро, а и во моментот, според позитивните прописи претставува или е парцијализирано“.

„Самата работна група, начинот, структурата, членовите од кои е составена, можам да кажам дека делуваат ветувачки, дека ќе бидат на ниво на задачата и уште еднаш ќе покажеме како држава дека се приближуваме или инклиминираме кон современите европски, светски трендови во однос на кодификација на граѓанското законодавство, рече тој во изјава за медиуми пред седницата.

Професорот Дејан Мицковиќ, потпретседател на Работната група за подготовка на Граѓанскиот законик, истакна дека подготвувањето на Граѓанскиот законик ќе биде една од најзначајните реформи во сферата на правото во земјава во последниве 30 години.

„Граѓанскиот законик ќе биде составен од пет дела – општ дел на граѓанскиот закон, дел за стварно правни односи, дел за облигациони правни односи, четвртата книга ќе биде за наследно правни односи и петата книга за семејно правни односи. Со Граѓанскиот закон ќе се обезбеди на еден систематски и сеопфатен начин да се регулираат сите граѓанско-правни односи значајни за граѓаните. На овој начин ќе добиеме нов квалитет во регулирање на граѓанско-правните односи. Истовремено, што мислам дека е и најзначајно, ќе се направи една сериозна реформа за да се надминат правните празнини, застарените законски решенија и да добиеме навистина еден граѓански закон по европски терк, образложи тој.

Со донесувањето на Граѓанскиот закон, проект што би требало да заврши за две години, како што рече Мицковиќ, земјава ќе се вброи во поголемиот број европски држави што имаат граѓански законици, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Швајцарија, земјите од Источна Европа – Чешка, Полска, Русија, Грција, Албанија и Косово и Србија, кои веќе имаат нацрти на граѓанските законици.

„Со носење на граѓанскиот закон се надевам дека ќе ги надминеме проблемите коишто ги имаат граѓаните во оваа сфера, а се должат на некои застарени законски решенија, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицковиќ посочи дека предвидуваат сериозни реформи во делот за семејно право и наследно право.

„Тука навистина предвидуваме сериозни реформи. Јас посебно би истакнал дека се планираат сериозни реформи во делот кој се однесува на заштита на правата и интересите на децата каде што навистина имаме застарени законски решенија и како што спомнавте, многу често Македонија ги губи случаите пред Европскиот суд за човекови права, посочи тој, дополнувајќи дека се планираат многу реформи.

Мицковиќ дополни дека ќе се воведе брачниот договор со кој брачните или вонбрачните партнери ќе можат меѓусебно да ги регулираат имотните односи, за разлика од досегашниот модел, каде што имавме еден модел на посебен и заеднички имот ќе се остави многу поголема слобода на партнерите сами да ги регулираат меѓусебните имотни односи.

„Поквалитетно ќе ја регулираме вонбрачната заедница, бидејќи ние сме една од ретките земји во светот каде што во ист момент можете да бидете во полноважен брак и во полноважна вонбрачна заедница затоа што за вонбрачната заедница не се предвидени брачни пречки. Понатаму, подетално ќе ги регулираме имотните односи помеѓу родителите и децата и брачните партнери. Ќе го воведеме моделот или ќе го предложиме моделот за заедничко вршење на родителското право по разводот на брак којшто со децении е присутно во европските законодавства, така што и во делот на семејно право и во делот на наследно право ќе имаме навистина сериозни реформи, рече тој.

Од Министерството за правда информираат дека во рамките на проектот за изработка на Граѓанскиот закон, членовите на Комисијата ќе ги имаат предвид сите современи граѓански закони, како и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, најзначајните меѓународни документи.

По изработката на нацрт верзијата на Граѓанскиот закон ќе биде организирана сеопфатна јавна расправа, во која ќе учествува  научната, стручната и пошироката јавност кои треба да  дадат предлози за што поквалитетно уредување на граѓанско-правните односи опфатени со Граѓанскиот закон.

 

МИА

актуелно граѓански законик тупанчевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.